Тркалезна маса за правно признавање на родот во Македонија денеска ќе се одржи на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата на Собранието на Република Македонија.
Тркалезната маса е дел од тематскиот преглед на Препораката (2015 на Комитетот на министри на Советот на Европа до земјите членки за мерките за борба против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет, а во соработка со Советот на Европа.
Воведни обраќања на тркалезната маса ќе имаат Маја Морачанин, координаторка на ИППГ за правата на ЛГБТИ лицата, Елени Цецеку, претставничка на Советот на Европа и Светлана Цветковска, раководителка на Секторот за еднакви можности во МТСП и контакт лице на Европската мрежа на владини претставници за ЛГБТИ прашања. Потоа експерти ќе дадат општ преглед на моменталната состојба на правното признавање на родот и ќе зборуваат за влијанија од постојната правна постапка за признавање на родот и искуство од засегнатите лица, како и за начинот од кој можеме да учиме од добрите практики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.