Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, најави отворање на сите продавници на почетокот на мај, а кон средината на месецот и на рестораните и црквите.

Отворањето на помалите продавници беше дозволено пред една недела. На почетокот на мај ќе бидат отворени и фризерските и салоните за маникир. Предвидено е и училиштата повторно да започнат со работа во мај.

Владата, исто така, планира да дозволи угостителските објекти да работат од 15 мај, при што вработените треба да носат маски, а ќе биде ограничен бројот на гости.

Курц изјави дека бројот на ново заразени од коронавирус продолжува да опаѓа, така што Владата може да ги ублажи мерките.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.