Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода, денеска врз основа на распишана потерница, го лишиле од слобода Б.Р.(51) од Скопје, за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „кражба“, по член 235 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.