Бугарската царина на 7 февруари заплени 401,468 килограми хероин, објави денеска на Твитер главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, јави дописникот на МИА.

Хероинот бил откриен во Варна во пратка со битумен. Дрогата била скриена во четири контејнери, а примател на практата била трговска фирма од Шумен.

Сопственикот на фирмата и еден цариник се приведени. Ако бидат осуден можат да добијат затворска казна од 10 до 15 години и ќе треба да платат казна од 50.000 до 100.000 евра.

Вредноста на запленетата дрога се проценува од 16 до 18 милиони евра. Се претпоставува дека хероинот не бил наменет за бугарскиот наркопазар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.