Укината е домашната изолација за повратниците од странство во земјава. Ова е најновата одлука на Владата. За сите кои се враќаат од странство, останува само задолжителниот државен карантин од 14 дена, а потоа нема да мора да одат во дополнителна домашна изолација.
На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство со кој патниците од странските земји кои влегуваат на територијата на Република Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација – напиша на својот профил на Фејсбук, техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.