Владата денеска на седница ќе одлучува дали повторно ќе биде воведен полицискиот час во општините од каде во последнава недела има најголем број позиривни случаи на корона вирусот. Комисијата за заразни болести вчера даде предлог забраната за движење да биде воведена од 22.00 до 05.00 часот во Скопје, Тетово, Куманово, Липково и во Штип, бидејќи бројот на заразени последоватено неколку дена наназар се движи оод 110 до 185.

Според здравствените власти, овој нов бран на Ковид – 19 е директен резултат на семејните собири и прослави кои беа кон средината и крајот на мај.

На вчерашната прес-конференција на која присуствуваа и д-р. Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести, како и заменик министерот за здравство Арбен Зибери, беше истакнато дека, сите позитивни случаи кажуваат каде се движеле, кога биле на гости, колку чести биле тие контакти за време на семејните посети.

Рестрикцијата на движење очигледно тогаш не се почитувала исто како и превентивните мерки за дистанца и носење маски, е заклучокот на здравствените власти, заради што и бројот на заболените е константно над 100 овие денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.