ОВЕН
Оваа недела ќе ви донесе емоционален семеен собир или средба со роднина/и. Можно е да имате повеќе ангажмани со вашето семејство, за што нема да добиете доволна поддршка и разбирање од вашите роднини. За младите жени-Овен до 35 години ова би можело да биде успешно време за самореализација.
Ќе бидете во можност успешно да решавате проблеми, да искористите нови шанси или можности. Постои можност и за неочекувана материјална добивка, профит од лотарија, коцкање и др. Ќе донесете важна одлука во врска со патување што некако ќе ве поврзе со жена/и. Жените-Овен ќе размислуваат за идни промени во нивните животи поврзани со преселување или патување.
БИК
Оваа недела, вашиот љубовен живот ќе биде една од главните важни теми. Можеби ќе треба да донесете одлуки и да размислите за вашата врска како целина. Ова во голема мера се однесува на фамилијарнитеприпадници на знакот Бик. Конфликт може да се појави или непријатни коментари може да добиете во врска со подарок, купување, некој вид на сопственост или имот. Оваа ситуација не вклучува ваши роднини. Може да се појави загриженост и да се создаде тензија во животот на мажите-Бик во врска со голема одлука или промена, која ќе се случи во блиска иднина.
БЛИЗНАЦИ
Оваа недела ќе биде многу исполнета за младите жени-Близначки кои студираат или работат. На работа, будно внимавајте на активностите на жена до 45-годишна возраст; тие ќе имаат особено значење за целата атмосфера или просперитет на вашето работно место. Ако имате дете или внук во знакот на Вага, Близнаци или Водолија, бидете внимателни што ветувате или што тие ќе ви ветат. Не дозволувајте им да ве лажат, но бидете внимателни ниту вие да не сте неискрени.
Таквиот настан ќе има влијание врз вашиот однос во иднина. Средба со жена или нејзино дејство може да ве изненади. Првично, вашата реакција ќе биде негативна; ќе бидете смели, бидејќи ќе ги протолкувате истите како атак врз вас или акт на непријателство. Наскоро работите ќе се развијат во позитивна насока за вас.
РАК
Оваа недела може да очекувате промена во вашиот личен живот или во вашето семејство која што е поврзана со неочекувани вести, понуда или покана. Нови поволни ситуации и можности сега ќе искрснат на површина. Бидете отворени за нови нешта, поголема храброст и активност, така што нема да ја пропуштите вашата шанса. Можни се лоши вести во врска со личност од вашиот круг на пријатели или колеги.
Можна нессреќа или лична животна драма може да се случи во животот на тоа лице. На работа, бидете попретпазливи кон вниманието и наклонетоста на женско лице во ваша близина. Можно е таа да има лична цел што се однесува на вас. Оваа недела ќе одите на неочекувано патување на кратко растојание.
ЛАВ
Оваа недела ќе ве загрижуваат различни прашања поврзани со дете и млад човек од семејство или пријателите. Вести може да создадат паника пред сите информации да бидат проверени и потврдени. Проблеми можат да настанат со млада жена во знакот на Јарец, Девица или Бик.
Можете да очекувате дејства од девојка или млада жена, што ќе ве дискредитираат. Неочекувана надеж дека ќе излезете од еден тежок период во одредена област од вашиот живот. Сето ова ќе се случи на некој чуден начин што ќе ве натера да размислувате за скриените нешта во нашите животи. Ќе сфатите дека, всушност, таквите нешта понекогаш го дефинираат животот, без оглед на вашите желби и напори.
ДЕВИЦА
Недела во која ќе се фокусирате на имплементирање на професионални планови и заложби што сте ги пропуштиле или одложиле од различни причини. Нови околности, состаноци, можности ќе искрснат што не ќе може успешно да ги спроведете ако не ги завршите претходните задачи.
Машките припадници на овој знак треба да бидат внимателни за тоа какви одлуки ќе донесат оваа недела и какви ветувања ќе дадат, но најмногу треба да избегнат шепурење со довербата. Повеќето Девици ќе бидат задоволни од финансиските приходи, успеси. Ќе решите финансиски дилеми, комплексни проблеми или плаќања. Лоши вести поврзани со момче или млад човек.
ВАГА
Во текот на оваа седмица вашето најголемо внимание треба да биде насочено кон вашите постапки и обврски поврзани со пари. Проверувајте сè, не дозволувајте да бидете убедувани или изманипулирани за инвестиции и трошоци, со ветување за поголем профит и успех. Не давајте пари на заем и не позајмувате пари.
Важни информации или предлози ќе ве соочат со сериозна дилема. Ќе се јави потреба да донесете важна одлука. Ви претстои промена за која не се подготвени или не сте убедени дека треба да се направи. Пред вас се неколку тешки денови кога ќе треба сериозно размислување и вистинска визија за она што ви се случува. Може да добиете предлог за понатамошна/ дополнителнаработа. Ќе направите услуга некому за што ќе добиете пари.
ШКОРПИЈА
Очекувајте многу интересна недела со различни, понекогаш бизарни, но секогаш судбоносни состаноци и настани. Може да ставите крај на нешто. Ќе ви се даде уште една шанса, неочекувана, да запознаете нови луѓе. Ќе постигнетеуспех, со голема доза на среќа. Оваа седмица сигурно ќе заземе важно место во вашиоткалендар.
Изненадување во врска со неуспех, загуба или кражба ќе биде поврзано со лице од вашата непосредна околина. Пазете се од љубопитно машко лице во врска со професионалните или личните ваши прашања. Можен неочекуван момент на здравствена слабост, висок крвен притисок, тешка мигрена и друго, што ќе ви потврдат дека стресот во животот бара соодветен начин да се опуштите и да се одморите.
СТРЕЛЕЦ
Оваа недела ќе биде многу интересна и динамична за вас. Целосната релаксација ќе биде важна за вашето физичко и ментално здравје. Изненадувачка одлука може да резултира со купување или неочекувана материјална добивка од томбола/лотарија. Ќе бидете во можност да ја намалите тензијате во вашата врска со женско лице. Ќе се стремите кон компромис, бидејќи сфаќате дека вие сте личност со радикално различни сфаќања. Внимавајте на ветувања или информации од девојка или жена. Пред сè, не дозволувајте да ве манипулираат. Не дозволувајте и некој друг да ги искористи вашите желби и соништа за своја сопствена корист. Неочекувана покана или предлог.
ЈАРЕЦ
Оваа недела може да ве импресионира со постапки и одлуки на девојка или жена. Можно е да добиете помош и мудар совет од такво лице, без оглед на нејзината возраст. Ќе примите пари од жена во знакот на Водолија, Вага или Близнаци. Можеби ќе треба да решите финансиски односи или општи планови.
Комплексен однос со женско лице во знакот на Бик, Девица или Јарец може да ја ’излади’ вашата врска и тоа може да ве провоцира да донесете специфични решенија. Поништување/одложување на планови и ветувања. Неочекуван непријатен настан, незгода, неуспех или загуба ќе бидат поврзани со момче или млад човек.
ВОДОЛИЈА
Оваа недела ќе се налутите некому кој постапува неразумно, но тоа ќе биде на ваша штета. Дејствијата на тоа лице ќе влијаат врз вашиот личен или семеен буџет, вашиот приход од вработување, бизнис и друго. Можеби ќе одлучите да купите нешто или да дадете подарок на син, внук и друг млад човек, но дури и покрај нивните добри манири, може да го чувствувате нивното разочарување од вашиот избор.
Ако се наоѓате во слична ситуација, избегнете ги изненадувањата и побарајте претходно мислење од таквото лице. Мажите-Водолија може да имаат проблеми поврзани со апарати за домаќинство или транспорт. Оваа недела е важна во поглед на одлука штотреба да ја донесете за патување во текот на годината. Бидете внимателни со новите контакти со луѓе од други градови и земји.
РИБИ
За жените-Риби може да се појави потреба да патуваат или некаква друга обврска поврзана со патување. Некои од вас може да запознаат жена од друго место или да се состанат со некој кој е накратко во вашиот град. Други, пак, може да разговараат за идеја, предлог за работа во врска со патувања, комуникации, туризам, транспорт и друго.
Ќе имате финансиски односи со момче или млад човек. Можно е да дадете или испратите пари на такво лице или вие да добиете пари. Мажите-Риби ќе добијат, ќе дискутираат и потпишат финансиски документи, договори. Очекувајте продолжување на конфликт, контроверзии, конфронтација со лицето со кое најверојатно имате заеднички професионални контакти. Веројатноста за помирување оваа недела е незначителна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.