Нови истражувања во Холандија покажуваат дека Ковид-19 е честа и вообичаена појава кај мачки и кучиња чии сопственици биле заразени со вирусот.

Ако имате Ковид, треба да избегнувате контакт со мачка или куче, исто како и со луѓето. Главната грижа не е здравјето на животните, туку потенцијалната опасност тие да бидат носители, па вирусот повторно да дојде кај човек – истакнува Елс Броенс од Универзитетот на Утрехт.

При истражувањето биле земени брисеви од 310 миленичиња во 196 домаќинства каде што барем еден човек бил позитивен на корона вирус. Шест мачки и седум кучиња биле позитивни на ПЦР тестот, а 54 животни биле позитивни на вирусни антитела. Повеќето заразени миленичиња имале тенденција да не покажат симптоми или пак, имале поблаги симптоми на Ковид-19.

Авторите на испитувањата сметаат дека досега нема докази за пренесување на болеста од домашно милениче на неговиот сопственик, но тоа е тешко да се утврди додека вирусот се уште лесно се шири меѓу луѓето.

Резултатите се презентирани на Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести. Сите ПЦР-позитивни животни ја совладале заразата и развиле антитела.

Истражувачите велат дека најверојатниот начин на пренесување на вирусот е од човек на животно, а не обратно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.