Најслаб имунитет имаат сите оние кои се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, а најголемиот дел од населението во Србија е вакцинирано токму со оваа вакцина, рече заменик-директорот на Клиничкиот центар во Ниш, д-р Радмило Јанковиќ.

Кога ги споредувате вакцините, гледате дека сепак најслаб имунитет имаат луѓето што се имунизирале со „Синофарм“. За жал, оваа вакцина ја примија многу од старите луѓе во Србија и тоа е многу тажен факт. Тажен е затоа што мислам дека мора да им дадеме можност да го зајакнат имунитетот – рече Јанковиќ.

Тој вели дека постарите луѓе кои примиле „Синофарм“ на почетокот на вакцинацијата во Србија, итно треба повторно да се вакцинираат, односно да примат трета доза.

Моја препорака е оние кои примиле „Синофарм“, особено постарите од 50 години, да ја сменат вакцината и да примат „Фајзер“ – советува Јанковиќ, пренесува Нова РС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.