Вакцината против коронавирус на американската компанија „Модерна“ покажала 100% ефикасност кај сериозните случаи на зараза со ковид-19, пренесува „The Spectator Index“.
BREAKING: Moderna’s coronavirus vaccine shows efficacy of 100% against severe coronavirus infections
— The Spectator Index (@spectatorindex) November 30, 2020
Според нивните сознанија „Модерна“ денеска ќе аплицира до американската агенција за лекови да биде авторизирана вакцината.
BREAKING: Moderna will apply today to the US Food and Drug Administration for an authorisation for its coronavirus vaccine
— The Spectator Index (@spectatorindex) November 30, 2020
„Модерна“ пред една недела објави дека ефикасноста на нејзината експериментална вакцина против коронавирусот е 94,5 проценти, а информациите се базираат на последната фаза од клиничкото тестирање.
„Модерна“ дојде до овие резултати врз основа на тестирање на 30.000 волонтери. Ова е втора американска компанија после „Фајзер“ која покажа ефикасност на вакцината од над 90 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.