Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Македонија“ вчера (15 ноември) успешно го заврши јавниот повик за понуди за избор на изведувач за рехабилитација и градба на фаза 1 од пругата Куманово-Бељаковце, и за фаза 2 реконструкција и изградба на делницата Бељаковце-Крива Паланка од железничкото поврзување на Коридорот 8.
Според утврдената постапка, во наредниот период следува евалуација на пристигнатите понуди и избор на најповолниот понудувач, по што, откако заврши постапката за избор на надзорен инженер, се создаваат услови за остварување на најавата за отпочнување на градежните работи на овие делници од железницата на Коридорот 8 во првиот квартал на наредната година.
Средствата за целиот овој проект се на располагање и се обезбедени преку кредит од страна на Европската банка за обнова и развој и инвестициски грант одобрен преку инструментот Инвестициски фонд за Западен Балкан на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.