Најмалку 14 луѓе загинале како резултат на ураганот „Лора“ во државите Луизијана и Тексас на југот на САД.

Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс потврди дека најмалку 10 лица загинале во неговата држава, од кои половина се жртви на задушување со јаглерод моноксид затоа што користеле преносни генератори во затворено, поради тоа што било прекинато редовното напојување со електрична енергија.

Уште четири лица загинале при паѓање на дрво, а еден човек се удавил во невремето.

Вчера имало 464.813 домаќинства без електрична енергија, објави веб-страницата „Poweroutage.us“.

Во Тексас, три од четирите жртви, починале како резултат на вдишување јаглерод моноксид. Станува збор за бездомници кои се засолниле во билјард соба и внеле генератор во неа.

Медиумите известуваат за жртва во источен Тексас, која починала во пад на дрво.

Претходно „Лора“ помина низ Хаити, каде што предизвика смрт на најмалку 31 лице. Во соседната Доминиканска Република, при преминот на ураганот загинаа четири лица.

Откако ги помина Карибите, „Лора“ го премина Мексиканскиот Залив и стана ураган од четврта категорија од вкупно 5 категории. Потоа ураганот ослабна во тропска бура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.