Грција ја прави достапна третата доза на вакцината против коронавирус за граѓаните од ранливите групи и постарите од 60 години, објавија денеска експертите од грчкото Министерство за здравство, со надеж дека со овој чекор ќе го спречат зголемувањето на бројот на новозаразени со делта-сојот на коронавирус, објавија тамошните медиуми.
Вчера, во оваа земја беа потврдени 1.608 новозаразени и 51 смртни случаи од Ковид-19.
Во Грција, досега се дистрибуирани повеќе од 11,8 милиони дози вакцини, а 56% од населението е целосно вакцинирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.