За време на снимањето во Лондон на седмото продолжение на “Невозможна мисија“, Том Круз негодувал поради очигледно кршење на безбедносните протоколи за ковид-19, заканувајќи им се на членовите на екипата дека ќе бидат отпуштени доколку не ги почитуваат правилата, објави во вторникот британскиот весник „Сан“.

Во експлицитните забелешки снимени на аудио-лента што ја доби „Сан“, ѕвездата и продуцент на акциониот филм ја искритикува екипата за пропусти во социјалното дистанцирање и други правила што дозволуваат снимање филмови во време на пандемија на коронавирусот.

Извор близок до продукцијата рече дека лентата е автентична. Претставник на Круз одби да даде коментар.

Дали ја разбирате одговорноста што ја имате? Затоа што ќе се позанимавам со вашиот разум. И, ако не можете да бидете разумни и ако не можам да се справам со вашата логика, вие ќе бидете отпуштени, вели тој во снимката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.