Полициската акција во Љуботен која по ништо не се разликува од полициските акции во Лазарат или на ЦИА во Колумбија, во времето на Пабло Ескобар, на пример, доаѓа во точно истмпирано време кога во јавноста расте незадоволството, а сѐ погласно се слуша и незадоволството на меѓународната заедница од односот на васта. Не може да се рече од неспроведување на реформите, зашто тие не се ниту во зачеток, но затоа можеме со раво да речеме од сигурните чекори на Зоран Заев да спрове апслутистичка власт.

А стапот е совршен лек за заборав. Штом нема резултати, игра стапот. По грбот на народот. Овојпат жртви се жителите на скоското село Љуботен.

Изминативе денови власта доби повеќе шлаканици – што од дома, што од надвор, од „нашите пријатели и партнери од меѓународната заедница“.

Беше обелоденет скандалот со насилникот-градоначалник Курто Дудуш и обидот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да го прикрие случајот. Заев сѐ уште молчи за тепањето на Дудуш.

Премиерот Зоран Заев ја спроведе најавената метла – се самоназначи за министер за финансии. Од Финансии замина Тевдовски, а остана Анѓушев, министерот кој местеше тендери за лчно да се збогати.

Фанцускиот амбасадор Кристијан Тимоние ги извади дипломатските ракавици, па експлицитно наброја: „Во Струга градоначалникот се однесува скандалозно, УНЕСКО ќе ви го одземе статусот на Охридско Езеро, имате толку многу корупција, се менуваат директори на школи на дилетантски начин, блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот“.

Денеска пристигна и одговорот од „големата германска инвестиција“, кој владата сигурно веќе го знаела – Фолксваген за дисквалификува Македонија, па ќе инвестира во Турција или во Бугарија.

Толку од блесокот на Заевата влда. Блескаме, но од блесокот како да сме ослепеле, па никој не може да го види сјајот. Но, може да го почувствува стапот.По секој дебакл на власта, го јадеме стапот. Стапот на заборавот. Кога акцијата во Љуботен ќе заврши како небаре Спасовски го освоил Лазарат, Владата ќе замине на одмор, а по оморот – како ништо да не се случило. Така ќе се однесува тој, апсолутниот владетел Зоран Заев. Но, дали народот ќе заборави дека Заев спроведува комунистички методи на заплашување наместо реформи?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.