Нормализирањето на движењето на населението во „регионите без регистрирани случаеви на заразени од ковид “ како што е Кина би предизвикало околу 2 милиони смртни случаи годишно, а клучот за контрола на вирусот е развојот на вакцини кои подобро ја спречуваат инфекцијата, тврдат кинеските научници.

За разлика од остатокот од светот, кој се повеќе се отвора, кинеските ограничувања, кои се последица на политиката на нулта толеранција кон коронавирусот , од недела во недела стануваат се построги.

Покрај тоа, Пекинг во моментов е домаќин на Зимските олимписки игри (ЗОИ) и поради тоа воспоставени целосни ограничувања на двиежењето за да се спречи ширењето на позаразната варијанта на коронавирусот – омикрон.

Кинеските научници и експертите за јавно здравје истакнуваат дека треба да се одржуваат строги контроли, велејќи дека ризиците од пренесување се превисоки и дека масовна инфекција би извршила неподнослив притисок врз здравствениот систем.

Повикувајќи се на студиите изготвени во Чиле и во Британија, кинеските научници пресметале дека почетната ефикасност на вакцините против симптоматска болест била 68,3 проценти.

Првичната ефективност на постоечките вакцини за спречиување на морталитет беше 86 проценти. Проценката на ефикасноста против инфекција се заснова на британски податоци, а ефикасноста против симптоматска болест и смртност се базира на податоци од студија спроведена во Чиле.

Но, дури и со глобална стапка на вакцинација од 95 проценти, ако мобилноста на населението се врати во 2019 година, научниците проценуваат дека сите региони со нула стапка на коронавирус би забележале повеќе од 234 милиони инфекции во една година, вклучувајќи 64 милиони симптоматски случаи и два милиони смртни случаи.

Човештвото треба да продолжи да развива вакцини и да истражува нови начини за подобрување на заштитата што ја обезбедуваат вакцините од инфекција со цел да се елиминира коронавирусот на глобално ниво, сметаат кинеските научници.

„За да се намали инциденцата на коронавирус на ниво на грип по враќањето на нормалната подвижност на населението, ефикасноста на вакцините против инфекција треба да се зголеми на 40 проценти, а ефективноста против симптоматска болест на 90 проценти“, велат кинеските научници.

Тие рекоа дека е поважно новата вакцина да биде ефикасна против инфекција отколку против симптоматска болест или смртноста .

Клучот за контрола на коронавирусот лежи во развојот и широката употреба на вакцини кои се поефикасни во спречувањето на инфекцијата, рече тимот.

Кина продолжува да се придржува до политиката на нулта толеранција кон коронавирусот
Кина продолжува да спроведува нулта стратегија против коронавирусот, иако тоа може сериозно да ја загрози кинеската економија. Оваа земја продолжува да заклучува цели градови, а овогодинешните ЗОИ се одржуваат во „херметички затворен“ балон за да се спречи ширењето на короната .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.