Телото за помирување денеска не успеа да го договори текстот на законот за амнестија. По завршувањето на денешниот состанок членовите на собраниското тело не сакаа да дадат изјави до каде е процесот на помирување.

Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција во Собранието на Република Македонија, следниот состанок ќе го одржи најверојатно в среда, најавија членови на групата.

Денешниот состанок на работната подгрупа за помирување беше прекинат поради нови информации за кои се потребни дополнителни консултации во врска со законското решение за амнестија на дел од учесниците во настаните во Собранието на 27 април минатата година.

Претседавачот со оваа подгрупа Зекир Рамчиловиќ рече дека дополнително ќе информира за продолжението на состанокот на кој требаше да се доуреди предлог законот за амнестија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.