Откако владиниот портпарол Душко Арсовски информираше дека доколку не се попишете на претстојниот попис, ќе се казнува прекршочно со парични казни до 300 евра, не стивнуваат реакциите од јавноста.
Море предавник, немој ти нам, кој не се попишел, не е патриот.
Прво ти покажи дека си патриот такашто ќе прекинеш да се драпаш со Бугарија по интимни делови, поништи го Договорот со нив и она што си им го ветувал. Потоа зборувај за патриотизам, ќелеш еден!
Како народ не понижуваш каде стигнеш и лајнариш за патриотизам. .
А ко сме кај пописот…
Да беше патриот веќе ќе обезбедеше милиони вакцини ко Вучиќ. Он е може будала, ама е патриот. Ти си само првото. Сега ќе бевме сите вакцинирани да не беше таков.
Да беше патриот немаше да дозволиш да сме 12 во свет по смртност од ковид. Втори во Европа по умирања.
Да беше патриот ќе обезбедеше бесплатни тестови за сите и ќе се тестиравме топтан уште во првите три месеци од пандемијата.
Да беше патриот, ќе направеше уште стотина други работи кои не ги направи, ќелеш еден!
Ти најде да збориш за патриотизам!?
Му се закануваш на цел народ со казни и затвори за не попишување, зашто знаеш дека го соголивте до коска и го направивте да се плаши и од сопствената сенка.
Кажи, ќе ги апсиш и оние во дијаспората што нема да се попишат или само нас, што сме ти на дофат?
Колку ќе уапсиш и ќе казниш од нас. 300 илјади? 500 илјади?
Ќе мора прво да изградиш уште некој затвор, ќелеш еден! – коментира актерот Сашо Тасевски.
Немате основа на која да казнувате, ќелеши едни.
Ќе ви дојде крајот многу брзо, така ти шумат шумите, ама немаш уши да ги чуеш.
Море предавник, немој ти нам, кој не се попишел, не е патриот.
Прво ти покажи дека си патриот такашто ќе прекинеш да се…Posted by Sasho Tasevski on Wednesday, 24 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.