Актерот Сашо Тасевски преку Фејсбук упати апел до членовите на СДСМ да не дозволат тројца-четворица странски шпиони во врвот на партијата да официјализираат дека македонскиот јазик е некаков дијалект на бугарскиот.
Според него, ако ја направат таа глупост, ќе го поништат и постоењето на Македонците и овој народ тоа никогаш нема да го прости.
Оти надвор ако те знаат како народ што официјално зборува бугарски дијалект, џабе ќе им објаснуваш дека си Македонец.Нема ние што да им потпишуваме на Бугарите на тема јазик, историја или потекло. Нашите дедовци и баби кои уште ги паметиме, НИКОГАШ не спомнале ниту Б дека сме Бугари и дека зборуваме бугарски.Напротив, секогаш имале негативен став кон тој народ поради искуствата што ги имале со него во Големата војна.Муабетот на таа тема беше: Кога не окупираа Бугарите, кога се боревме против Бугарите, кога ги избркавме Бугарите, кога го ослободивме тој и тој град од Бугарите. Мене барем така ми зборувале бабите и дедовците и од страна на мајка ми и од страна на татко миТака не зборуваат луѓе кои мислеле дека се Бугари кои зборуваат бугарски дијалект.Тоа значи дека имале македонска свесност и пред војната и се сметале за нешто различно од нив.Дајте ставете го прстот на чело малку. Не правете глупост и простор за физичка поделба на државата во следниве дваесетина години. Тоа го сакаат откако прво ќе го срушат секој столб на македонскиот идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.