Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, при гостување во емисијата „Прашањето ми е следно“ на порталот „Инфомакс“, истакна дека би било логично да има коалиција Алијансата на Албанците со ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во Македонија.

Таравари потенцира дека сериозно се размислува за такво нето.

Знаејќи СДСМ и ДУИ како ќе функционираат и како функционираа 2017 година, меѓутоа ако направиме коалиција тоа ќе биде транспарентно. Ете, од сега јавно го кажувам, ако одлучиме да соработуваме, ќе седнеме и ќе кажеме пред граѓаните – ние сме договорени, Алијанса, Алтернатива и ВМРО, и вака ќе излеземе на избори – изјави Таравари.

Тој посочи дека овие избори не исклучуваат ни коалицирање со некоја турска партија, со некоја ромска партија, со некоја македонска партија, како и дека според анализите, очекува да се воспостави соработка.

Јас ви гарантирам дека од 80 општини, над 50 општини би ги земале овие три партии ако одат заедно, според анализите што ги правиме – изјави Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.