Разводот на родителите нѐ обележа, признаваат сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ во заедничкото интервју за српскиот магазин „Стори“. Нивните родители Брана, поранешна оперска пејачка и Велко, професор по контрабас, останаа во добри односи по разделбата.

Во интимната приказна објавена во печатеното издание на весникот, тие зборуваат и за тоа дека далечината не е причина да не останат блиски.

Не ми беше сеедно кога Тијана се пресели во Белград, а не ми е ни сега. Но, знам дека таа тука е среќна, вели Тамара.

Тамара престојуваше во Белград во изминатиот период, каде е доста актуелна по завршувањето на „Евровизија“. За потсетување, од Србија Македонија доби по 12 поени и од жирито и од гласачите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.