Северна Кореја и животот во неа за многумина е мистерија. Како одминува времето се повеќе медиуми добиваат пристап до земјата, но сепак, се уште малку се знае за најзатворената земја во светот.

Со цел да ја доближи до земјата до светот, „БиБиСи“ направи извештај за детската програма што се емитува во Северна Кореја, при што објави дека децата во Северна Кореја имаат можност да гледаат детски програми 30 минути на ден.

Земајќи го предвид милитаристичкиот профил на земјата, цртаните филмови се обележани со насилство – пренесува Би-Би-Си.

Покрај тоа, Севернокорејците сакаат да ги научат децата дека тимската работа е многу важна. Од таа причина, има многу снимки во цртаните филмови во кои животните кои дејствуваат безопасно кога ќе се обединат успеваат да ги победат лутите волци кои се сами.

Со години, државната телевизија од Северна Кореја ги емитувала истите цртани филмови. Сепак, Ким Јонг Ун неодамна порача нов цртан филм за млад генерал, кој има 100 епизоди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.