Две вакцини од кинеската компанија „Синофарм“ се безбедни и ефикасни против Ковид-19, покажува студијата објавена во медицинското списание на Американското лекарско здружение.
Научниците чекаат повеќе детали за овие две вакцини, иако тие веќе се користат во многу земји, а една неодамна доби поддршка од Светската здравствена организација (СЗО) за итна употреба.
Во извештајот објавен на интернет на страницата на Американската медицинска асоцијација се заклучува дека вакцините се ефикасни околу 73 проценти, односно 78 проценти, како што и претходно тврдеше „Синофарм“.
Истражувачите на Синофарм и нејзините локални партнери на Блискиот Исток наведуваат дека околу 40.380 луѓе учествувале во истражувањето.
Користени се две вакцини на компанијата „Синофарм“, едната е изработена од Институтот за биолошки производи во Вухан, другата развиена од Институтот за биолошки производи и плацебо во Пекинг.
Истражувањето е спроведено во четири земји – Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Јордан, но, сепак, во студијата се прикажани само податоци за Бахреин и ОАЕ.
Нема ништо многу изненадувачки. Тоа е во согласност со она што тие го тврдеа порано, но не ги отстранува целосно сомнежите за „Синофарм“ – вели Ѓин Донгјан, професор по медицина на Универзитетот во Хонг Конг, кој не бил вклучен во студијата.
Вакцините, обете направени од инактивирани вируси, веќе се дадени на милиони луѓе ширум светот.
СЗО на почетокот на мај ја одобри за итна употреба вакцината против Ковид-19 на Институтот за биолошки производи во Пекинг, со што стана првата кинеска вакцина што го добила сертификатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.