Поранешен одгледувач на шеќерна трска во Порторико влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот човек во светот, само неколку недели пред да го прослави својот 113. роденден.
Емилио Флорес Маркез е роден на 8 август 1908 година во Каролина, Порторико.
Во средата, кога официјално влезе во Гинисовата книга, Маркез дојде до возраст од 112 години и 326 дена.
Маркез бил 75 години во брак со Андреа Перез, сè до нејзината смрт во 2010 година. Тие имаат четири деца. Маркез сега има и пет внуци и пет правнуци.

Тој изгубил поголем дел од слухот, а на 101 година вградил пејсмејкер. Сега е во добра здравствена состојба.
Поранешниот најстар човек на светот беше Романецот Думитру Комнеску, кој почина на 27 јуни 2020 година на возраст од 111 година 219 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.