Јапонката, Кејн Танака, која според Гинисовата книга на рекорди е најстарата жива личност на светот, наполни 118 години.
Танака е родена на 2 јануари 1903 година и својот славенички ден го прослави во дом за стари лица во Фокуока, Јапонија, каде што живее во последните неколку години.

Танака го прослави својот роденден весело, плескајќи со рацете и со огромна насмевка од лицето, а на новинарите им порача дека планира да биде жива и здрава барем до нејзиниот 120. роденден.
Кејн е во одлична здравствена состојба, вежба секој ден, јаде три пати на ден, а во моментот единственa грижа и е што не може да ги види своите најблиски на нејзиниот роденден, поради мерките за контрола на корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.