Поимот „vax“ и изведенката „vaxxed“ (на македонски: „вакцина“ и „вакциниран /-а, -о, /-и“) се избрани за поим на годината, според лексикографите на Оксфордскиот речник на англискиот јазик (ОЕД).
Употребата на зборови поврзани со вакцините нагло се зголеми во 2021 година поради пандемијата Ковид-19, при што особено често се користат помите „двојно вакцинирани“, „невакцинирани“, „антиваксери“ итн. Главната уредничка на ОЕД, Фиона Мекферсон смета дека зборот бил нивниот очигледен избор затоа што „оставил највпечатливо влијание во општеството“.
Популарноста на овој збор датира, барем, од 1980-тите, но според нашиот корпус, тој ретко се користеше до оваа година. Додадете го на таа разновидност и зборот „vaxxie“ (самослик додека ја примате вакцината), „vax-a-thon“ (масовна вакцинација), „vaxinist“ (оној што се фали дека примил вакцина и ја промовира на различни начини) – па, станува јасно зошто зборот „вакс“ е тој што се издвојува од купот други зборови – вели Мекферсон.
Инаку, и „vax“ и „vaxx“ се прифатени во англискиот правопис, но зборот со единечното ‘х’ е почест во употреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.