Меѓународниот натпревар „Redesign the World“ ги охрабри дизајнерите ширум светот да осмислат иновативни решенија за спас на планетата. За да се опорави природата и да дишат шумите, Јустинијан Коу направи интересен проект за градови на иднината сместени на вода.
Комплетните градови кои би го префрлиле животот од копно на вода, наречени „Китовите“, треба да бидат самоодржливи – целосно напојувани од обновливи извори на енергија од морето, сонцето и ветерот.
Рибата како извор на протеини за идните жители ќе биде при рака, а отпадот ќе се користи како ѓубриво на пловечките фарми. Вегетацијата би се користела за природно прочистување на водата.
како што обајснува авторот на проектот, изгледот на пловечкиот град е инспириран од „нежните џинови“, односно китовите, кои патуваат во групи, а модерната технологија во хармонија со природата и депопулацијата на земјата би придонела за забавување на климатските промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.