Длабоко во џуглата на Амазон живее племето Пираха со околу 400 припадници. Тие се познати како најсреќното племе на светот.
Овие необични луѓе сметаат дека спиењето е штетно и истото те прави слаб и ранлив. Силно веруваат дека ако заспиете може да се разбудите како друг човек, како и дека колку помалку спиете, толку подолго ќе живеете. Дури и кога спијат, тие не легнуваат во кревет, а веднаш штом се разбудат продолжуваат со нивните дневни обврски.

Во нивниот јазик нема збор за повеќето броеви. Овие изолирани припадници на бразилското племе ги користат концептите на „еден“, „неколку“ и „многу“, откриваат американски научици.
Лингвистите во светот се воодушевени од необичниот јазик на племето Пираха. Во јазикот со кој се служат имаат само три самогласки и седум согласки. Ги нема заменките „јас“, „ти“, „тие“, па ни одредниците за „лево“ и „десно“. Користењето сложени реченици не се ни случува.
За племето Пираха нема временски одредници, нема минато и иднина. За нив постои само сегашноста.
Не користат датуми, денови од неделата, па дури ни календар, а јадат еднаш или два пати дневно. Познати им се три типа на односи: тој со детето, тој со родителите и со браќата и сестрите. Не постои никаква хиерархија, а воедно нема криминал и кражби.
Никој од припадниците на племето не поседува имот. Истражувачите кои ги посетиле велат дека тие спонтано пеат во ноќта, а со тоа веруваат дека сонот и јавето се еднакво важни.

За нив не постои концептот на стареење бидејќи не им е позната човечката анатомија и веруваат дека душата едноставно патува од едно тело во друго. Затоа, еднаш на шест или осум години, членовите на племето ги менуваат своите имиња кои во себе содржат некаква назнака за старост, за да може да се одреди дали станува збор за дете или возрасен човек само по името.
Највисокиот идеал за ова племе е рамноправноста. Сите се еднакви и немаат поглавар. Никој не е подобар или полош, едноставно сите се исти.
Иако имале прилики за тоа, ниту еден член од племето Пираха нема зачекорено во модерниот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.