„Паметниот“ звучник на Амазон, „Алекса“, му препорачал на десетгодишно девојче да учествува во опасен предизвик, односно да предизвика струен удар.

Мајката на девојчето, Кристин Ливдал, го објаснува предизвикот.

Полначот на телефонот се става до половина во штекерот. Потоа треба да ставите паричка на делот од полначот што останал надвор – вели таа.

Мајката објаснува дека си играла со нејзината ќерка, исполнувајќи забавни предизвици и дека оваа задача била шокантна.

Амазон соопшти дека го избришал предизвикот од базата на податоци.

Довербата на клиентите е наш приоритет број еден, а „Алекса“ е дизајнирана да обезбедува точни, релевантни и корисни информации. Штом ја сфативме грешката, ги презедовме сите неопходни мерки за да го решиме проблемот – се вели во соопштението на компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.