По бурните реакции на студентите кои се пожалија дека веќе е неподносливо константното патување до нивните живеалишта само за да ја исперат облеката, директорот на ДСД Виктор Велевски реши да ги отвори вратите на пералните. Тој вели дека како резултат на зголемените настави со физичко присуство на факултетите, 40 отсто од студентските домови се наполниле со студенти, и со тоа се појавила дополнителна потреба од ставање во функција на просториите каде студентите ќе може да се грижат за нивната хигиена.

Велевски во разговор за МИА истакнува дека не се консултирал со Комисијата за заразни болести затоа што немало потреба, но и затоа што ќе биле запазени мерките и прописите за заштита од корона вирусот.

Протоколите се за сите исти дали тоа било за студентски домови, факултети, средни училишта или пак основни училишта, ние нема да дозволиме да се прави гужва во делот на достава на облеката, сите студентски домови се обележани во делот на подот за растојание, имаме портирска служба, вработени кои што ќе го регулираат делот на доставување на облеката на студентите кои ќе бидат за перење. Неопходно е на студентите да им ја пружиме и оваа услуга, односно да ги отвориме пералните, во кои секако ке се следи протоколот за заштита од вирусот и ќе има залепено насоки пред секоја перална – изјави тој.

Претходно студентите реагираа дека веќе не можат да си дозволат во услови на светска криза да подлежат на дополнителни финансиски трошоци, односно дека веќе е неподносливо константното патување поради затворените перални и дека е време да се реагира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.