Од утре почнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, информира Министерството за образование и наука (МОН). Согласно условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021-2022 година, крајниот рок за аплицирање е 15 октомври.
Од Министерството посочуваат дека од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, а студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава – евидентен лист, и ја доставуваат потребната документација во Министерството за образование и наука.
Дополнително, како што се наведува во соопштението на МОН, утре почнува и поднесувањето на документи за продолжување на правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите академски години, за што секој корисник кој ги исполнува условите од договорот потпишан со МОН, доставува потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80 односно 90 отсто, зависно од типот на стипендија кој го користи од предвидените испити.
Доставата на документите се врши електронски преку http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку студентот нема можност, истите ги доставува хартиено до МОН. Краен рок е 30 октомври 2021 година. МОН обезбедува поддршка при аплицирањето за секој заинтересиран кандидат за студентските стипендии преку Секторот за ученички и студентски стандард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.