Центарот на Сиднеј и некои од предградијата од денеска на полноќ влегуваат во еднонеделен строг карантин, додека властите се борат да го задржат под контрола новиот бран на многу заразната делта мутација на корона вирусот.
На луѓето кои живеат или кои поради работа престојувале во четири делови од Сиднеј во последните две недели, им е наложено да останат дома, освен поради итни причини – изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан.
Таа објасни дека на граѓаните им е дозволено да ги напуштат своите домови само поради основни работи или образование, медицински причини, снабдување со намирници или вежбање на отворено.
Не сакаме оваа состојба да трае со недели, сакаме да заврши колку е можно побрзо – истакна Береџиклиан.
Властите во Нов Јужен Велс претходно воведоа задолжително носење на маски во сите затворени простори во Сиднеј, вклучително и канцеларии, им забранија на жителите на седум населби да го напуштаат градот и ги ограничија домашни собири на пет лица, со цел да се спречи новиот бран на инфекции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.