Посиромашна за најтрофејниот македонски клуб Вардар и трикратниот шампион Силекс, викендов стартува новата. 30. по ред, сезона во домашното фудбалско првенство.
Во првото коло, актуелниот шампион Шкендија ќе гостува во Кавадарци кај повратникот во прволигашкото друштво Тиквеш, додека екипата на Брегалница, првиот прволигашки натпревар по подолга пауза, ќе го игра на домашен терен во Штип против вицешампионот Шкупи.
Скопје ќе гостува кај Ренова, Македонија Ѓ.П. ќе се соочи со Пелистер, во Струмица, Академија Пандев ќе игра со Струга Трим Љум, додека Работнички ќе го пречека тимот на Борец.
Комплетното премиерно коло е на програмата в недела, со два термини од 17:30 и 20 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.