Еден малолетник е повреден кога 76-годишно лице пукало со воздушна пушка од својот балкон, бидејќи му сметала вревата која децата во средата навечер ја правеле играјќи пред зградата. Возрасниот тетовец подоцна е приведен во полициска станица.

– Во раните утрински часови денес во СВР Тетово е приведен С.К. (76) поради пријавата дека вчера околу 22 часот од балкон на зграда на ул.„Железничка“ во Тетово од воздушна пушка испукал кон малолетници кои биле пред зградата. Притоа, погодил еден малолетник кој се здобил со телесни повреди. С.К. рекол дека причина била вревата што ја правеле малолетниците пред зградата, информираат од СВР Тетово.

Малолетникот е пренесен во Клиничката болница во Тетово, но нема информации за неговата здравствена состојба. Полицијата известила јавен обвинител и продолжува со процедурите за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.