Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски денеска ја обвини СДСМ дека вработуваат партиски послушници. Таа истакна дека во нашата држава има дупло зголемување на вработувањата на определено време.

 Општина Ѓорче Петров е уште еден пример за заробена институција менаџирана од градоначалникот на Социјалдемократскиот сојуз. Градоначаникот на Ѓорче Петров се однесува како партиски послушник, а не како градоначалник на сите граѓани. За градоначалникот потребите на граѓаните може да почекаат, а нарачките на кадровата комисија на Социјалдемократскиот сојуз за партиски вработувањеа мора итно да се спроведат. Токму за ваквото расипничко работење алармирав и апелирав изминатиов период. Се вработуваат партиски активисти на СДСМ веќе однапред познати на јавноста, односно на Општина Ѓорче Петров. И како тоа да не беше доволно, па се продолжи со трошење на народните пари, па имаме дупло зголемување на вработувањата на определено време преку Агенцијата за привремени вработувања, рече Стаменковска Стојковски.

Дополнителната заменик министер истакна дека за вработувања на определено време преку Агенцијата за предвремени вработувања во 2018 година потрошени се 6 милиони и 500 илјади денари, додека во 2019 година приближно 14 милиони денари.

Таа рече дека ќе се ангажираат да го „вратат достоинството на вработените во јавниот сектор, а јавната администрација ќе биде вистински партнер на бизнисот и граѓаните“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.