Македонија и Србија ќе ја интензивираат билатералната и регионалната соработка, за што ќе се детализира акциски план во кој ќе бидат прецизирани политички и економски прашањата за таа намена, договoренo e на денешната средба во Белград на министрите за надворешни работи на двете држави, Никола Селаковиќ и Бујар Османи, јави дописникот на МИА од Белград.

Акцент ќе биде ставен на што поскоро одржување заедничка седница на двете влади, почнување на работата на Меѓувладината мешовита комисија за малцинствата и отворање на културни центри на двете држави во Белград и Скопје.

На прес-конферецијата на двајцата министри по средбата, на прашање на дописникот на МИА од Белград за министерот Никола Селаковиќ, за официјалниот став на Белград во поглед на изјавите кои доаѓаат од Софија за Македонија и за Србија, пред се за изјавите за отварање на српски културен центар во Скопје, отварање училишта на срспки јазик, за нотата од Софија на Белград за историски толкувања, за српското влијание во РСМ и за закочување на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан, српскиот шеф на дипломатијата изјави дека од Белград засега нема да се чујат реакции.

-Ние сме регион кој е оптеретен со настани кои се поврзани со различни историски настани. Доколку трагаме по минатото, за она што не разделува и за она што не дели, мислам дека нема многу време да помине такво нешто да најдеме. Уверен сум, доколку го бараме она што е добро и што не спојува, лесно ќе ги најдеме спојните точки. Знам за изјавите, ги чув и реагирав онака како што мислев дека е најдобро. Значи не ги коментирав, изјави Селаковиќ.

Тој кажа дека српското присуство од кој било аспект на територијата на Македонија не е оптоварено со никаква предумисла, ниту со никаков друг мотив, освен да бидеме најдобри можни соседи, да градиме економски врски, инфраструктурни врски, градба на брза пруга кон РСМ, да работиме и на гасното поврзување и на друго.

-Кога бев неодамна во посета на Софија, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Македонија е причина за кавгата меѓу Бугарија и Србија, јас кажав – Не, ние немаме кавга, и таа може (РСМ) само да не зближи и сите три држави од тоа зближување да имаме корист, на прво место економска. Ако се занимаваме со прашања од минатото, мислам дека сите полека ќе го пороследиме времето како луѓето од регионот ќе заминуваат во друг регион, каде нема да водат вакви приказни, кажа Селаковиќ.

Според него, Србија цврсто е определена на градба на соработка со сите соседи, без скриени мисли.

-Ние  Македонија ја почитуваме, го почитуваме македонскиот народ и сите граѓани , се она што го чини вашиот национален идентитет и благодарни сме на почитувањето што доаѓа од  Македонија, кажа Селаковиќ, кој заклучи дека никој не може да влијае на нешто што било пред пет или пред 150 години и  наша задача да е она што го работиме денес и она што ќе се случува во иднина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.