Секоја злоупотреба на државен ресурс за партиски цели ќе биде најстрого санкционирана – рече вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски кој денеска отиде во Арачиново да ветува канализација.
Спасовски е носител во втората изборна единица, а токму Арачиново е дел од истата каде тој отиде да види до каде е реализирано тоа што пред три години го ветиле како партија.
Мејлот кој пристигна до медиумите дека Спасовски ќе оди во Арачиново беше испратен од Владата, а не од СДСМ, објави Алфа.
Техничкиот премиер се правда дека таму бил во улога на претседател на влада, а не како носител.
Ова е владина активност за увид во проектите кои што ги финансира владата, не е кампања, кампањите ги водиме после работното време – вели Спасовски.
Додека Спасовски вршеше увид, дел од медиумите забележале делење на пропагандни материјали со логото на коалицијата “Можеме” во околината, Спасовски вели тоа немало врска со него, кампањата е почната и флаери можеле да се делат насекаде.
Никој апсолутно од нас не дели такви флаери, а инаку на друго место ако се делат нека се делат, кампањата е започната – додава техничкиот премиер.
Вчера исто така од мејлот на Владата беше испратена информација дека Шеќеринска била во посета на Битола и остварила средба со градоначалничката на општината.
Во изјавата пред медиумите Шекеринска се фалеше што направиле, но не заборава да критикува што наследиле од претходната власт.
Владините функционери токму во изборната кампања се растрчаа да видат до каде им се проектите кои ги ветиле, иако досега не бевме во моженост често да гледавме високи владини претставници како одат на теран да проверуваат канализации, офицерски домови, улици…
Иако велат дека се во својство на претставници на влада, јавноста коментира дека е тенка линијата меѓу проверка и промоција на проекти за иден мандат.
Извор: Алфа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.