Македонската машка ракомента репрезентација води со четири гола предност (12-8) по првите 30. минути од мечот од 2. коло против Бахреин на Светското првенство (СП) кое е во тек во Германија и Данска.
Ракомерите одлично го отворија мечот и по првите десетина минута имаа предност од четири гола (6-2) по неколкуте контри и одбрани на Борко Ристовски. Но, потоа падна темпото на играчите и по неколкуте грешки, следеше пост од 11 минути во кој „црвено-црните“ не постигнаа ниту еден погодок. Капитенот Кире Лазаров од линијата од седум метри го прекина малерот, постигнувајќи погодок. До крајот на првите 30 минути Бахреин грешеше во нападот, имаа и две технички грешки, така што се отвори шанса за играчите во нападот да постигнуваат голови преку контри и полуконтри. Во финишот имавме серија од 5-0 и на полувремето заминавме со предност од 12-8.
Кире Лазаров со пет погодоци беше најефикасен во првиот дел, Кузмановски и Манасков постигнаа по три. Борко Ристовски имаше шест интервенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.