Влезот во Данска со потврда за примени две вакцини „Астра зенека“ не е дозволен, предупредуваат македонски патници во групата Ковид19 искуства и совети. Како што споделува патничка, заедно со нејзиниот сопатник биле вратени од страна на данската пасошка служба, со образложение дека вакцината „Астра зенека“ од Македонија не ја признаваат.
Таа советува за да избегнете проблеми доколку патувате во Данска, а сте вакцинирани со „Астра зенека“, да направите и ПЦР тест за секој случај.
За тоа зошто не се признаваат вакцините „Астра зенека“ примени во Македонија очекуваме одговори од Министерството за здравство и за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.