Синот на Амди Бајрам, Габриел Бајрам, утринава преку Фесјбук упати апел до сите кои ќе бидат дел од погребната церемонија за неговиот татко, да ги почитуваат мерките за држење дистанца и носење маски.
Почитувани пријатели, поворката до вечното почивалиште на мојот татко Амди Бајрам ке тргне во 14.00 часот од нашата семејна куќа во Бутел.
Согласно препораките Ве молам сите кои ќе бидат дел од поворката да држат соодветна социјална дистанца и задолжително да носат маски.
Со почитувањето на овие препораки ќе покажеме почит кон нашиот великан и татко и нема да оставиме можност овој тажен ден за семејството и ромската нација да биде оцрнет.
Ви благодарам за разбирањето – напиша Габриел Бајрам.
Иако Министерството за здравство апелираше до семејството да не се прават погребни ритуали со цел да се спречи ширење на корона вирусот, сепак семејството одлучи да прави голем погреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.