Силен земјотрес денеска ја погоди западна Турција, а медиумите јавуваат за урнати објекти во Измир.
Американската агенција за геолошки истражувања (УСГС) јави дека земјотресот имал јачина од 7 степени, а неговиот епицентар бил во Егејот, пред Сеферихиса, во турската провинција Измир. Агенцијата Анадолу јави дека земјотресот се случил во 14:51 часот по локално време.
Турските медиуми известуваат дека има повеќе оштетени објекти во Измир, а телевизијата ТРТ прикажа снимки од урната зграда во градот и извести за паника на улиците во текот на потресот.
Breaking: Video shows the moment a building collapsed in Izmir, Turkey, due to the earthquake. pic.twitter.com/eKsDUmIdvn
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) October 30, 2020
Според досегашните информации, прекинати биле телефонските линии. Гувернерот на Измир во интевју за ТРТ изјави дека досега не може да се дадат точни информации за жртви и штети.
BREAKING – Footage of a building collapsing in the background after a powerful earthquake hit near #Izmir in Turkey.pic.twitter.com/1UWpYxWHeU
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) October 30, 2020
Потресот се почувствувал и во Грција. Особено е погоден островот Самос, каде, според медиумски извештаи, има оштетени објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.