Видеоснимката на белите дробови на заболен од Ковид-19 ја сподели американски доктор
како предупредување до сите оние кои болеста не ја доживуваат сериозно и не ги почитуваат мерките на социјална изолација 3Д видео на бели дробови снимено во болницата „Џорџ Вашингтон“, кое го пренесува „Си-ен-ен“ ги покажува белите дробови на маж кој неколку дена претходно бил комплетно без никакви симптоми на зараза со коронавирус
Пациентот сега има Ковид-19 и неговите бели дробови не функционираат нормално“, изјави д-р Кит Мортман, шеф на торакална хирургија во универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“.
Видеото покажува огромно оштетување на белите дробови кај генерално здрав 59-годишен маж,
со висок крвен притисок, изјави Мортман. Бидејќи станал сериозно болен, на пациентот му бил
потребен респиратор за да може да дише, но дури и прилагоден на најсилните поставки, тоа за
неговите бели дробови не било доволно.
Му требаше и помош од уред кој помага во циркулацијата и снабдувањето со кислород. Тоа не е дијабетичен пациент, неговиот имунитет не е слаб. Освен високиот крвен притисок, тој нема други значајни здравствени проблеми, истакна Мортман.
Областите означени со жолта боја во видеото претставуваат заразени и воспалени делови на
белите дробови, рекол Мортман. Кај здрави пациенти нема жолти делови.
Од скенирањето е јасно дека оштетувањето не е локализирано во една област, туку опфаќа огромна површина од обете страни, што покажува колку брзо и агресивно може да дојде до инфекција, дури и кај помлади пациенти. За овие пациенти кои имаат прогресивна респираторна слабост, оштетувањето на белите дробови е брзо и распространето. За жал, откако еднаш ќе бидат оштетени до овој степен, им треба многу време за да се излечат. За приближно 2 до 4 проценти од пациентите оштетувањето е неповратно и тие ќе умрат, објаснил д-р Мортман, додавајќи дека луѓето треба сериозно да ја сфатат заканата од коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.