Новата учебна година во Србија почнува утре, 97 отсто од родителите се определиле нивните деца да следат настава во училиште, а само три отсто се изјасниле дека сакаат децата да им останат дома и да учат онлајн.

Предвидено е часовите да траат по 30 минути, а децата во училиштата ќе мора да носат маски. За оние кои заради одредени болести се спречени да носат маски обезбедени се визири.

По препорака на Кризниот штаб за спречување на пандемијата со Ковид-19, оделенијата кои имаат повеќе од 15 ученици ќе се делат во две групи.

Прашан како ќе се однесува училиштето кон родителите кои велат дека нивните деца нема да носат маски и дека никој нема да им мери температура, српскиот министер за образование изјави дека „тоа нема да може да помине“.

Основното училиште е со закон задолжително. Вие може да речете моето дете нема да оди во училиште, ќе бидете опоменети, ќе платите казна, а постои и ослободување од семејството. Никој не е над државата, наведе министерот за образование Младен Шаревиќ.

Истакна дека се понудени различни опции, но дека мерките мора да се почитуваат.

За учениците чии родители се определиле да ја следат наставата од дома оценувањето мора да биде во училиште. Овие деца ќе доаѓаат во училиште за проверка на знаењето во закажан термин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.