Шилегов лаже, тој нема дозвола за надградба, Општина Карпош треба да ја руши зградата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното мавтањесо документи на градоначалникот Петре Шилегов.

Се што покажа Петре Шилегов вчера е дозвола за реконструкција, а тоа е дозвола со која се дозволува ставање на нова фасада или изведување на градежни работи кои нема да го променат габаритот на зградата. За разлика од реконструкција, Шилегов направи надградба на уште два ката, нешто за што нема дозвола. Шилегов има зграда која е повисока за два ката од сите останати куќи. Шилегов нема документ со кој ќе докаже дека зградата е изградена законски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, чијшто портпарол ја обелодени аферата на Шилегов.

Од партијата повикуваат општина Карпош да постапи согласно со закон и да ја урне дивоградбата на Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.