Ќе се кандидарам за градоначалник на Скопје и ќе победам, изјави денеска за медиумите првиот човек на градот Петре Шилегов.

После сите шпекулации дека ДУИ и СДСМ на претстојните локални избори ќе настапат со заеднички кандидат за градоначалник кој ќе биде Албанец, Шилегов откри дека тој планира повторно да се кандидира.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети најави изџненадување за сите кое ќе го соопшти во сабота.

Од ДУИ негираат дека изненадувањето ќе биде соопштувањето на заедничкиот кандидат, а и премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција го потврди истото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.