По два пропаднати бракови и неколку неуспешни врски, актерката Шерон Стоун призна дека одлучила да пронајде нова љубов преку апликациите за запознавање.

Во големо интервју за германски „Вог“, чија насловна страница ја краси токму прекрасната Шерон, таа раскажа како изгледа допишувањето преку апликациите и се пошегува дека е малерозна кога станува збор за мажите.

– Јас се допишував со сите, од поранешни затвореници, до социјални чудаци кои претпочитаат да поминуваат време со кучиња отколку со луѓе – вели таа и признава дека во моментот се допишува со воздухопловен инженер.

Шерон се осврнува и на нејзиниот живот во Холивуд.

– Почнав да ги добивам главните улоги дури откако се соблеков за „Плејбој“ – признава Шерон.

– Беше една многу мизогинистичка ера пред 20 години. Мел Гибсон, кој е три години постар од мене, мислеше дека сум премногу стара за да глумам со него- додаде актерката.

И покрај тоа што веќе има 62 години, таа ја одржува беспрекорната линија, а откри и дека долго време се борела со прифаќањето на своето тело.

– Во еден период од своите четириесетти години, се случуваше да одам во тоалет со шише вино да се заклучам и да си кажам дека нема да излезам надвор додека во потполност не го прифатам своето тело – призна сексапилната актерка, која важеше за секс симбол од нејзиното време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.