Премиерот Зоран Заев информира дека од утрово два хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а во секој момент се очекува да им се приклучат уште четири, како помош од Република Србија.

Во интензивна комуникација сме и со нашите НАТО сојузници од регионот кои се будни и подготвени да ни испорачаат помош согласно условите на теренот.

Пожарите кои ја зафатија земјата донесоа тешка илинденска ноќ, пишува Заев, но благодарение на професионалноста и солидарноста на пожарникарите и граѓаните и натаму нема повредени или загрозени лица.

Материјалната штета е нешто што со заеднички сили ќе го надоместиме, сега најголемата грижа на сите мора да ни биде безбедноста.
Сите сили и капацитети на системот се ангажирани под прецизна команда на Центарот за управување со кризи.ж

Во моментов се активни 13 пожари, повеќето се локализирани, кочанско е под контрола, а поинтензивна борба со огнот се води околу Старо Нагоричане, каде се насочени сериозни капацитети во гасењето.

Не одете во шумите, бидете внимателни и одговорни, заедно ќе ги надминеме овие пеколни предизвици, апелира премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.