Сопругите на капитенот и селекторот на македонската фудбалска репрезентација, заедно со децата денеска патуваат за Букурешт со експедицијата на Фудбалската федерација на Македонија. Надица Пандева и Тања Ангеловска ќе бидат голема поддршка од трибините за нашите херои кои утре против Австрија ќе го играат историскиот прв меч за Македонија на европските првенства.
Во експедиција се и семејствата на дел од останатите фудбалери и членови на стручниот штаб, заедно со претставниците на ФФМ и со бројната новинарска екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.