Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, вели дека нема намера, ниту надлежност да го промени името на федерацијата.

Ниту јас сум го поставил името на ФФМ, ниту имам право да го менувам. Единствен кој може да го смени е Собранието на ФФМ. Тоа е мојот став и јас во моментов немам намера ништо да правам по тоа прашање – изјави Сејдини, одговарајќи на новинарско прашање околу реакциите на Грција за време на настапот на Македонија на ЕУРО 2020.

Сејдини денеска официјално го промовира новиот селектор на фудбалската репрезентација, Благоја Милевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.