Во текот на вчерашниот ден на ГП Дојран при вршење на детална царинска контрола на товарно моторно возило пријавено за излез од државава, мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа спречија обид за криумчарење на 139 килограми опојна дрога марихуана, соопштуваат оттаму.

Дрогата е запленета, а по собирање на доказите и утврдување на сите околности за настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот по член 215 од Кривичниот закон, додаваат од Царина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.